Home Шоубизнис Пејачот Крис Баун уапсен на Флорида?!

Пејачот Крис Баун уапсен на Флорида?!

Пејачот, Крис Браун е уапсен вчера на Флорида, каде настапувал во рамки на неговата турнеја.

Неговиот настап бил закажан за 19 часот во Корал Скај амфитеатарот во Вест Палм Бич.

Од канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич соопштено е дека 29-годишниот пејач е уапсен на основа на налог од изминатата година, но не е наведено поради што истиот е издаден. Браун е пуштен откако ја платил кауцијата.

Неговата адвокатка за Си-Ен-Ен, истакна дека пејачот веќе неколку пати бил во судир со законот. За потсетување, во 2009. година брутално ја претепа својата тогашна девојка, пејачката Ријана, поради што заработи пет години условна казна и обврска за социјална работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Која е девојката на Џуд Белингам? Што се знае за неговата љубовна врска

Џуд Белингам повторно е во центарот на вниманието на социјалните мрежи, а со тоа расте и и…