Партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дадеме поддршка за уставните измени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово, преку партиско соопштение, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека нема да ги поддржат уставните измени.

„Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политички мртов. јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните“, стои меѓудругото во соопштението од опозициската партија.

Од таму го повикаа и премиерот Заев, да ја послуша, како што велат, волјата на над 1 милион граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои, како што пишува во соопштението, не е прифатлив Договорот од Преспа.