Партиите наместо 1,8 милиони, отсега ќе „лапаат“ 4,5 милиони евра народни пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со 101 глас „за“, пратениците во македонското Собрание ги изгласаа измените во Законот за финансирање на политички партии, според кои, наместо досегашните 1,8 милиони евра (0,06 насто од буџетот), политичките партии од буџетот ќе добиваат политичките партии од буџетот ќе добиваат 4.5 милиони евра на годишно ниво (0,15 насто). 

Вчера, со 101 глас „за“ пратениците ги изгласаа овие измени кои долго време беа најавувани во јавноста и беа една од клучните теми на лидерските средби. Триесет отсто од овие пари ќе бидат наменети за малите партии, додека 70 отсто за големите партии кои имаат свои советници и пратеници.

На сметка на зголемувањето сумата на државното финансирање, се намалува сумата на донации што може да ја добиваат партиите – од 150 просечни плати што може да ги донира едно правно лице, со измените оваа бројка се намалува на 60 просечни плати.

Ако досега, пак, за физичките лица беше предвидено дека можат да донираат 75 просечни плати, сега бројката се намалува на 30.

Од СДСМ велат дека со овие измени целта е партиите да не бидат зависни од донации и дека ќе има поголема контрола врз трошењето на парите на партиите.

Извор: Призма