Памела Андерсон повторно „рипна в тавче“ – овој пат со нејзиниот телохранител


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашната секс-бомба која палеше и жареше во Холивуд, Памела Андерсон, повторно заплови во брачните води, венчавајќи се со својот телохранител.

Според „Дејли Маил“ Памела Андерсон за време на карантинот се вљубила во својот телохранител и одлучила по четврти пат да се омажи.

Памела стапила во брак со Ден Хејхарст билдер од нејзиниот роден град. Венчавката била одржана на интимна церемонија во Ванкувер во Канада за Божиќ.

„Таму сум каде што треба да бидам, во рацете на човекот кој навистина ме сака“, изјавила некогашната чуварка на плажа за Дејли Меил.

Холивудската ѕвезда која е родена во Канада, свадбената церемонија ја направила во Ванкувер, каде ја водел локален свештеник пред кога Памела и Ден се обврзале на вечна љубов.

Венчавката била одржана на имотот во Ледисмит кој Памела го купила од своите баба и дедо.

Атрактивната актерка на венчавката била облечена во сина венченица со долг вел во стилот на Пепелашка, а на нозете имала ловечки чизми. Памела во рацете имала букет од розе и бели рози, а младоженецот бил облечен во костим.