Генералниот шрајк на вработените во градинките, основните и средните училишта ширум земјава ќе продолжи и од утре. Ова на денес одржаната прес-конференција го изјави првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков. Тој посочи оти на последната средба на СОНК со претставници од Владата, која се одржа пред два дена, добиле понуда за зголемување на платите …