Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации (9.4 проценти), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6 проценти) …