Македонија ќе оди напред и ќе биде формирана новата реформска Влада, изјави во сабота претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“. „Отворивме пат за собраниската седница на којашто треба да биде избран новиот претседател. Очекувам во понеделник, да се избере претседател на Собранието на Р.Македонија. Тој ќе го извести Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство …