Полицијата во Флорида разгледува случај каде што една неименувана жена, дозволила змија да ја касне нејзината едногодишна ќерка. Американката притоа изјавила дека сето тоа било од воспитен карактер. На „поучното“ видео, коешто мајката го објавила на својата Фејсбук страница, се гледа како мала змија го каснува девојчето кое се приближува до неа. Тоа почнува да плаче, а мајката се смее. …