Сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. До средината на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса. Ова ќе предизвика период на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. …