Талентот на Марио Балотели е неспорен, но очигледно желбата за забава е поголема од онаа за успех на фудбалските терени. Во текот на целата кариера Марио е познат по своите „лудории“, па неговиот последен „подвиг“ не е изненадување. Италијанецот уживаше во возењето на минјатурен мотор, па видеото веднаш стана хит на интернет.