Го јавнал Крали Марко, неговиот коњ Шарец и тргнал низ шумата. Но, што да се види, дрвјата откорнати, гранките искршени. Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил: „Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене“. Продолжил понатаму, стигнал до една ливада, таму тревата разорана, цвеќињата смачкани. Му се натажило срцето на Крали Марко …