Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер е спремно да го жртвува стоперот Милан Скриниар за да направи реконструкција во тимот. Иако Скриниар и неговиот менаџер тврдат дека Словакот сака да остане во Интер и преговараат за нов договор, сепак „нероаѕурите“ имаат други планови со Словакот. Скриниар во Интер пристигна во 2017 година од Сампдорија за скоро 30 милиони евра, …