Откако беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт во врска со законот за слобода на вероисповед, во црногорското Собрание изби конфликт после кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата. Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза. Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа, после инцидентот во Собранието. …