Петочна и викенд временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот петок од оваа 2019 година која ги одбројува своите последни денови носи локална облачност, но без врнежи. Ветрот ќе дува од северен и северозападен правец, а дневните максимални температури ќе се движат од 2 до 10 степени Целзиусови.

За викендот нè очекува поинтензивен студен воздушен бран кој доаѓа од североистокот на Европа. Тоа ќе резултира со опаѓање на температурите кои на планините ќе се симнат и под -10 Целзиусови. Максималните дневни температури последниот викенд од оваа година ќе се движатод 0 до 8 во сабота и од -2 до 7 во недела, кога ќе биде и најстудено.

Викендот ќе донесе услови и за слаби локални врнежи главно од снег. Студеното време ќе се задржи и во првите денови од следната недела.