Падна француската влада – премиерот Филип си поднесе оставка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот премиер Едуард Филип си поднесе оставка од неговата премиерска функција и со тоа официјално падна француската влада.

Сепак, Филип ќе раководи со владините работи, се додека не биде именуван нов кабинет.

Оставката на Филип се шпекулира веќе некое време во изминатиот период, односно после изјавата на претседателот Емануел Макрон дека сака да го „врати претседателството“.

Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Претходно, претседателот Емануел Макрон најави дека ќе има реконструкција во владата, но не соопшти ништо конкретно за иднината на премиерот Филип.

„Новата фаза бара нови цели на независност, реконструкција, помирување и нови методи. Зад тоа ќе стои нов тим“, истакна Макрон.