Овие се најсимнуваните апликации во изминатата декада


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со својата појава во 2010 година, паметните телефони засекогаш го сменија светот и технолошката поврзаност, а следствено и секојдневни животи на луѓето. Денес, речиси десет години подоцна, луѓето веќе не можат да си го замислат животот без смартфоните.

Пред само 10 години околу 62 милиони луѓе во Америка имаа паметни телефони, додека овој број сега порасна на 265 милиони.

Во Велика Британија во тој период смартфони поседуваа само 17% од населението, а сега тој процент се зголеми на 78 проценти.

Апликациите се едни од најреволуционерните и најпопуларните елементи на паметните телефони, особено апликациитеo за социјалните мрежи.

Направена е листата со апликации коишто се најсимнувани во изминатата деценија и не е изненадување што Facebook е на прво место, а Facebook Messenger на второ.

На трето место е WhatsApp, на четврто Instagram, на петто Snapchat. По нив следуваат Skype, TikTok, UC Browser, YouTube и Twitter.

Марк Закерберг доминира во виртуелниот простор.