Актуелно

Овчарот од кратовско кој на раце го спасуваа од планинските предели почина во штипската болница

Овчарот од кратовско, кој на раце го симнуваа од планинските предели кои беа непристапни за теренски возила поради снег, почина во штипската болница. Ова го официјално го потврдија од болницата.

За случајот кој предизвика силни реакции во јавност и функционалноста на системот за спасување на планини и тешко достапни места проверки прави ЦУК чиј прв човек Стојанче Ангелов за работата на терен упатува во Дирекцијата за заштита и спасување.

Но токму директорот на ДЗС Беким Максути вели дека за случајот во кратовско од никој не добил повик, ниту од ЦУК ниту пак од полицијата.

И додека се проверува дали и која служба потфрлила, планинарските здруженија повторно го актуелизираат проблемот со системот за спасување на планини и тешко достапни терени. Дарко Неданоски од прилепската спасителна служба Златоврв вели дека чести се случаите кога мора да интервенираат кога луѓе се заглавени на планини, но секогаш се организираат како волонтери.

Слично е искуството и на Приватната планинска служба чиј раководител Дарио Милошевиќ вели – жално е што земјава чиј најголем дел е со планински терени и во 2021 нема државна планинска спасителна служба.

Иако државата пред две години почна постапка за набавка на хеликоптери за итна медицинска помош, беше прекината. Но оттаму целат – Владата нема да се откаже од проектот и по завршувањето на кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 ќе биде распишан оглас на кој право на учество ќе имаат сите оператори доколку понудат бесплатни услуги за потребите на граѓаните и на државата, а за сметка на транзитирањето на патници на нашата земја.

To Top