Home Актуелно Оваа промена на рецептот за Нутела ги разлути обожавателите на слаткиот крем

Оваа промена на рецептот за Нутела ги разлути обожавателите на слаткиот крем

Славниот Нутела крем, поточно неговиот произведувач, повторно се најде на мета од лавина критики и револт од потрошувачите. Овој пат причина за тоа е измената на рецептот за изработка на кремот од лешници.

Потрошувачите се огорчени и ги критикуваат Фереро Роше дека го промениле рецептот за нивниот омилен крем од лешници.

Потврдата од Фереро роше дојде откако се забележани промените од германската групација за заштита на потрошувачи. Кремот ќе содржи повеќе шеќер, а со тоа и полесно ќе се мачка на леб. Имено, во новата Нутела ќе има млеко 8,7 отсто (наместо 7,5 отсто) и зголемено количество шеќер – наместо досегашните 55,9 отсто, сега Нутела ќе содржи 56,33 отсто. Десетици илјади потрошувачи на социјални мрежи искажаа свое несогласување поради измените во кремот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Никол Кидман го покажа Барби репот кој ги полуде жените: најубавата фризура што ја имала последниве години

Никол Кидман уште еднаш докажа дека гламурот не мора да биде комплициран. Актерката се пој…