Home Вебкафе Оваа навидум идилична слика треба најсериозно да нè загрижи

Оваа навидум идилична слика треба најсериозно да нè загрижи

Истражувачикте тимови во реално време и на лице место го забележаа феноменот на празнење на езеро на Гренланд чија вода истече преку длабоки пукнатини буквално за само неколку часа. Тие очекуваат оваа поајва да биде позачестена поради климатските промени.

Ледениот слој во Гренланд може да биде дебел и километар, а во лето е вообичаено дел од површината да се стопи и да формира езеро. Овие езера подоцна можат да најдат пукнатина во мразот, да го прошират под притисок и да создадат огромен отвор што се спушта до дното на ледената покривка дури и на една милја надолу.

Овој познат феномен е тешко да се набљудува директно, но глацијатолозите на Институтот за истражување ,,Скот Полар” на универзитетот Кембриџ имаа среќа кога пристигнаа во западен Гренланд во јули 2018 година.

Неколку дена по пристигнувањето, две третини од езерото, или скоро пет милиони литри, исчезнале од површината и пропадна во земјата за пет часа. Воздушните снимки направени од дрон пред и потоа покажуваат голема темносина елипса која се стеснува во помал светло син круг со помала длабочина.

„Беспилотното летало ни помага да направиме висококвалитетни снимки во области што не се безбедни за научниците“, изјави Том Чудли, докторант и пилот на беспилотни летала.

Глечерот Store се движи се брзина од 600 метри за една година. Научниците виделе дека ненадејното испуштање на езерото некое време ја зголемува брзината на движење на глечерите од два на околу пет метри на ден. Водата што тече под мразот, имено, го „подмачкува“ глечерот.

Уште изненадувачки е што за неколку часа водата крена огромен слој мраз за 55 см, велат научниците.

„Мразот е дебел еден километар, можете да замислите колкав притисок е потребен “, рече Чудли.

Целта на студијата за PNAS е да се опише поопширно формирањето на овие огромни пукнатини кои подоцна стануваат „автопати“ преку кои водата истекува од површината кон основата на леденикот, што може да го забрза движењето на глечерите.

„Количината на вода што се испразнува од езерото може да се зголемува на нови локации за кои не знаевме досега“, предупреди Том Чудли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…