Оваа исхрана значително ги зголемува шансите за забременување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жените чија исхрана е богата со свежо овоше и зеленчук, риба, маслиново масло, имаат поголеми шанси за успешно забременување, велат научниците.

После истражувањето во кое беа опфатени 244 жени од клиниката за вештачко оплодување, покажа дека шансите за зачнување биле поголеми кај оние кои во последните шест месеци пред постапката за Ин Витро ја следеле „медитеранската исхрана“.

Жените кои ги следеа насоките за медитеранскиот начин за исхрана
„имаа 65 до 68 проценти поголеми шанси за успешно забременување“ објавија научниците. Имаа и 35 проценти поголеми шанси за на свет да донесат здраво бебе.

Долго е познато дека медитеранската исхрана е одлична за здравјето. Во неа има помалку црвено месо, а многу овошје, зеленчук, житарки, риба и маслиново масло.

„Жените кои сакаат да забременат треба да се хранат здраво, на пример медитерански. Тоа е важна порака од нашето истражување“ вели раководителот на истражувањето, професор Никос Јанакурис.

Посебно се нагласува дека ова е уште еден доказ колку е добро да се консумира здрава храна.