Ова се седуммте причини, БЕЗ ПАРДОН ДА МУ КАЖЕТЕ ЗБОГУМ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради ваквите постапки заслужува да му кажете засекогаш збогум.

Но, го сакам, не е прифатлив изговор во овие ситуации.

Се јавува само нему кога му одговара

Еден ден е тука па го нема, па сака да се видите и убаво му е со вас, но следните три дена од него нема ниту трага ниту глас. Некој кој има сериозни намери така дефинитивно не се однесува.

Лаже

За лажењето не треба некое особено објаснување зошто никогаш не би требало да го толерирате.

Не прифаќа „НЕ“ како одговор

Секој од нас има свои граници, но тој вас едноставно не ве почитува, за што и да се работи. Доколку не е по негово, не сака да дискутира и попушти.

Секогаш е во право

Можеби вам тоа на почетокот нема толку да ви пречи, бидејќи сте заљубени до уши. Но, замислете го животот со еден таков кој секогаш е „најпаметен“? Токму така!

Тој за себе е најважен

Што нему му е најважно во животот? Тој – неговиот живот, хоби, интереси, работа, цели, а вие сте баш секогаш на второ место, па дури и трето.

Не ве почитува доволно

Вие се трудите нешто да направите за него и често се занемарувате себеси поради тоа, но имате чувство дека тој ниту малку не ве почитува. Вистинскиот маж ќе ја почитува и најмалата ситница која ќе ја направите за него.

Ве крие

Иако се гледате веќе некое време, неговите пријатели сте ги видете само на социјалните мрежи, а за семејството и да не зборуваме. Не знаеме дали е грдо тоа чувство дека не сте „доволно добри“ да ве запознае со сите, или фактот дека можеби нешто крие. Во секој случај, разговарајте или исчезнете – тоа е на вас.