Меган Маркл се замеша во дебата за абортусот и ја направи најголемата грешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меган Маркл малку потешко се снаоѓа со прилагодувањето на кралскиот живот отколку што мислеше. Под будното око на јавноста, бившата актерка и феминистка на секои неколку дена прекршува понекое од правилата на кралското семејство, било да се работи за облека или за однесување на јавни настани.

Но, овој пат новопечената војвотка отиде чекор понатаму и се вмеша во дебатата за абортусот, па ја направи најголемата грешка досега.

За време на посетата на Ирска, Меган имаше интересен разговор со сенаторката Кетрин Нун од Даблин, во која го изрази задоволството од резултатите од неодамнешниот референдум за легализација на абортусот на кој афирмативно гласаа 66 насто од граѓаните.

„Беше вистинско задоволство да се запознаат принцот Хари и војвотката од Сасекс во резиденцијата на британската амбасада. Војвотката и јас разговаравме за неодамнешните резултати на референдумот, кој и таа го следела и на крајот беше задоволна од резултатите“, напиша Кетрин на Твитер и иницираше расправа за тоа дали Маркл треба или не да го каже своето политичко мислење.

Поради предупредување дека војвотката со тоа го прекршила кралскиот протокол, сенаторката набрзо го избриша статусот и напиша само дека било вистинско задоволство да се запознае Меган Маркл.