Ова се четирите збунувачки знаци кои укажуваат дека е ЛУД ПО ВАС


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Момците често имаат проблем да ги изразат своите чувства, но можно е да ги истакнуваат од начинот на кој се однесуваат.

Знаковите кои ги издаваат дека им се допаѓаат често можат да бидат збунувачки и тешко можете да ги препознаете. Затоа во продолжение ви нудиме очигледни начини на кои момците покажуваат дека сте им важни, за во иднина на време да ги препознаете и да оговорите на нив:

1. Станува сериозен кога сте во негова близина

Во друштвото инаку е познат како духовит лик, кој никогаш не молчи, но кога вие сте во близина тој станува мирен како пајче. Ова е всушност очигледен знак дека сте му важни и го почитува вашето мислење, па не сака пред вас да остави лош впечаток на било кој начин.

2. Ги почитува вашите правила

Сте се договориле да се слушнете дури по неколку дена и тој чекал и ве повикал точно во договореното време. Верувале или не, тоа е еден од знаците кои покажува дека навистина му се допаѓате, бидејќи не сака да го прекрши вашиот договор, па со задоволство ќе чека да ви се јави.

3. Нарцис е

Иронично , еден од најчестите знаци дека му се допаѓате на некое момче е кога пред вас се однесува како на светот најмногу да се сака себеси. Исто така, силно детинесто, но и поприлично очигледно

4. Избегнува телесен контакт

Ако никогаш не ве допира или прегрнува, а со другите пријатели тоа го прави, можно е со вас да избегнува телесен контакт бидејќи кон вас чувствува нешто повеќе од пријателство, па таквите работи му создаваат непријатност.