Home Живот и здравје Откриен потенцијален уништувач на ракот – лекот се крие во човечкиот организам

Откриен потенцијален уништувач на ракот – лекот се крие во човечкиот организам

Тим научници од Универзитетот во Кардиф, Велс, изјавија дека открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Нивното научно откритие е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“.

Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.

Имуниот систем природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гери Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.

– Овде имаме шанса – секој пациент да биде излечен. Доскоро се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување на рак, оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето, истакна истражувачот Ендрју Суел.

Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториски, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …