Откачена фотка со премиерот: Џастин Трудо им „влета во кадар“ на матурантите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот на Канада, Џастин Трудо, непланирано им „влета во кадар“ на матурантите на шеталиштето од Стенли Паркот во Ванкувер.

Познато е дека Трудо е посветен рекреативец и спортист. Овој пат тој трчаше на стазата покрај популарното шеталиште. Кога ги поминувал матурантите кои се спремале да направат заедничка фотографија која цел живот ќе ги потсеќа на тие денови, еден од матурантите го забележа премиерот.

„Се фотографиравме и се дружевме кога Трудо протрча покрај нас. Првин се прашувавме зошто премиерот би трчал тука, а потоа почнавме да го довикуваме“, раскажува Константин Марагос за СВЅ.

Потоа сите почнале да му мафтаат и да го довикуваат, а Трудо се вратил и позирал со нив. Направија и една заедничка фотографија.