Home Актуелно Отфрлени сите сведоци предложени од одбраната во случајот „Шамари во Центар“

Отфрлени сите сведоци предложени од одбраната во случајот „Шамари во Центар“

Судот не прифати ниту еден од вербалните докази предложени од одбраната во случајот во јавноста познат како „Шамарите во Центар“.

Обвинетиот Миле Јанакиески предложи 17 сведоци, кои според одбраната можеле да фрлат нова слика на случувањата пред Општина Центар. Како сведок не беше прифатено да биде повикан владиката Агатангел, кој беше организатор на протестите пред Општина Центар.

Беа прифатени само дел од материјалните докази кои ги предложи одбраната, а меѓу нив не се најде снимка од разговор меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и Јанакиески.

Бранителот на поранешниот министер за транспорт, вели дека е чудно што не беше прифатен ниту еден вербален доказ предложен од одбраната, а беа прифатени повеќе од 20 на Обвинителството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…