Основците ќе се ослободат од носење маски на часови, наставниците ќе продолжат да ги носат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комисијата за заразни болести, меѓу другите мерки кои ги препорача во врска со заштитата од Ковид-19, препорача и отстранување на маските во основните училишта.

По состанокот на експертите беше констатирано дека носењето маски веќе не би требало да биде задолжително за основците, туку само за воспитно-административниот кадар од основните училишта. Протоколот за изолација доколку некој ученик е позитивен на Ковид-19, се предлага да остане ист.

Втората препорака е затворените средини како што се сали за венчавки, опери, театри, кина и други од 50% од просторот колку што беше дозволен за пополнување, да се зголеми на 75%т. Третата препорака е да не се бараат сертификати за вакцинација за влез во отворени простории. Од комисијата сепак апелираат граѓаните да не се откажуваат од вакцинацијата.

За овие три препораки се очекува да се одлучува на следната владина седница. С. Македонија останува во портокаловата зона на ризик од инфекција каде во моментов има 9,9 заразени со корона вирус на 100 илјади жители. Ова е границата што не дозволува земјава да влезе во зелената зона и да ги укине другите рестриктивни мерки како и целосното отстранување на маските.