Основците ќе мораат да ги носат заштитните маски на настава – Владата не го усвои предлогот за укинување на таа обврска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основците и во следниот период ќе мораат да носат заштитни маски за време на наставата – Владата на денешната седница не ја донесе очекуваната одлука за укинување на оваа обврска, иако Комисијата за заразни болести тоа го препорача пред речиси една недела.

Од Владата велат дека во текот на денот немало состанок на Главниот координативен Кризен штаб, на кој треба да се разгледува овој предлог и доколку добие зелено светло, потоа да се најде на владина седница. Засега нема најава кога би можело да се случи тоа.

Комисијата за заразни болести препорача маските да не бидат задолжителни за децата од прво до деветто одделение, откако стана јасно дека состојбата со епидемијата стивнува, односно дека помина последниот бран на ковид-19.

Според официјалните бројки, во изминатата недела за 56 отсто е намален бројот на смртни случаи, а за 34 проценти има помалку хоспитализации.