Home Актуелно Османи искрено и отворено: Амнестијата е за да се обезбеди мнозинство за уставните измени

Османи искрено и отворено: Амнестијата е за да се обезбеди мнозинство за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, најави дека во 2019 година ќе се случат два важни процеси – уставните измени и добивањето датум за преговори со ЕУ.

„Тоа нема да бидат лесни предизвици, но потсетувам дека толку инвестиравме во 2018, така што предусловите се создадени. Се надевам дека нема да има пречки во поглед на филибастеринг или во поглед на техничките пречки во Парламентот. Не е добар пример тоа што се случи со Законот за борба против корупцијата, бидејќи требаше да се донесе до крајот на декември, но ВМРО-ДПМНЕ со неколку дополнителни барања го задоцни овој процес. Сега сме во тесен временски период затоа што претседателските избори треба да бидат распишани на почетокот на февруари. Нас не треба да не најдат уште едни избори без антикорупциска комисија“, вели Османи во интервју за Алсат-М.

Говорејќи за Законот за амнестија тој објаснува дека црвените линии на власта значат да не се промовира принципот на неказнивост, како основен принцип за една земја која претендира да се зачлени во Европската унија. Според него, Законот за амнестија е конципиран така за да ги амнестира оние категории кои не биле организатори и не биле вршители на насилство со што и го обезбедуваме процесот.

„Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот”, изјави Османи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…