Околу 15.000 угостителски работници останаа без работа – угостителите не ги користат владините мерки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угостителската фела од Македонија објави загрижувачки податоци со кои се открива дека 60% или околу 15.000 вработени од овој сектор останале без работа. Велат дека сега оставаат државата да се грижи за работниците кои останале без работа.

„Веќе е почнат процесот на одјавување и по наши информации 60% низ цела Македонија се одјавени вработените.“ „Преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата,“изјави Мартин Ангеловски,Групација за угостителство при ССК.

Според нив мерките на Владата дополнително ќе го задолжат секторот и ќе ги зголемат долговите после кризата која не се знае кога ќе заврши. Мерките се селективни и недоволни велат од секторот. Според Ангеловски 80% од угостителите не можат да ја исплатат ниту платата за март.

„Не важат за некои претходно што има земено било каква субвенција, сега не може фирмата воопшто да користи, ако за еден човек вработен земале мерка која што излезе минатата година“.

„Дополнително за тие 14.500 секоја фирма треба дополнително да се задолжи уште износот на придонесите односно до бруто плата.Тие средства ние треба да ги обезбедиме во момент кога не функционираме.“

„Ја известуваме Владата дека нема да ги користиме најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде мислат дека ќе се постигне ефект“, изјави Мартин Ангеловски, Групација за угостителство при ССК.

Угостителскиот сектор брои 29.000 вработени. Според официјалните статистики, на ниво на држава регистрирани се 6.000 угостителски објекти.