Home Шоубизнис Најубавата жена во Англија ја батали круната за убавина и застана во прв лекарски ред против коронавирусот

Најубавата жена во Англија ја батали круната за убавина и застана во прв лекарски ред против коронавирусот

24-годишната Баша Мукерје, која во 2019 година беше прогласена за Мис на Англија, ја остави на страна круната за убавина и реши да се врати на својата лекарска работа поради состојбата со коронавирусот и смртта на повеќе од 3.000 луѓе за еден ден во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Bhasha Mukherjee (@bhasha05) on

Баша требаше да посети повеќе земји како амбасадорка на својата земја и да продолжи со хуманитарната работа до август годинава, кога ќе ја предаде круната на својата наследничка.

Кога започнала пандемијата на коронавирусот, Баша била во Индија каде што е родена, а нејзините родители се преселиле во Велика Британија кога имала девет години.

На мисицата ѝ се јавувале колегите од англиската болница во која работела и ја известувале за тоа колку е тешка ситуацијата во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Bhasha Mukherjee (@bhasha05) on

Поради тоа, Баша решила да им се јави на шефовите од нејзиното поранешно работно место и побарала да се врати на својата лекарска работа.

Мисицата посочува дека е погрешно да се носи круна во ова време, било да е тоа за добротворни цели, додека во исто време, луѓето од целиот свет умираат од коронавирусот и нејзините колеги се растргани од работа.

„Сакам да се вратам дома, сакам да се вратам на работа. Затоа се стекнав со диплома и кога подобро можам да го искористам тоа знаење отколку сега. Знам дека можам да помогнам“, објасни таа.

Баша се врати во Лондон минатата среда и мора да биде во изолација две недели пред да се врати на работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…