Официјална Москва објави тајни документи за кои тврди дека се доказ дека Украина планирала воена интервенција во Донбас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерство за одбрана на Русија денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.

„Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.

Според него, станува збор за тајна наредба потпишана од командантот на Националната гарда на Украина, генерал-полковник Микола Балан датирана на 22 јануари оваа година.

Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.