Home Шоубизнис Официјален трејлер за македонскиот филм „Годината на мајмунот“

Официјален трејлер за македонскиот филм „Годината на мајмунот“

„Годината на мајмунот“, македонска комедија во режија на Владимир Блажевски („Панкот не е мртов“), во чија централна нарација е необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошка градина Цобе го доби својот официјален трејлер.

Мајмунот, кој од Зоолошката градина завршува низ улиците на Скопје, и продолжува да патува низ живописните предели на Македонија, како и низа карикатурни ликови, едно необично комбе, неколку протести, и чудесна роденденска прослава, пропратени со пиктурална фотографија и звуците на „О соле мио“, се само дел од моментите што ги прикажува двеминутниот трејлер за оваа комедија на апсурдот.

Филмот, кој ќе ја има својата премиера на 19 април, во рамките на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал, е копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово, и е поддржан од Еуримаж. Се снимаше во 2016 година на околу 80 различни локации низ Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ ќе продолжи да се прикажува во киносалите на Синеплекс, почнувајќи од 20 април. Филмот ќе ја има својата светска премиера на 23 април на еден од најреномираните и најстари светски филмски фестивали – Московскиот меѓународен филмски фестивал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …