Одговорноста за крвавиот напад во Виена ја презеде Исламската држава


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без конкретни докази, одговорноста за нападот во Виена во кој животот го загубија четири лица, ја презеде терористичката организација Исламска држава, јавува Ројтерс.

Со соопштението, додава британската агенција, објавена е и фотографија на маж кого го нарекуваат Абу Дагнах ал Албани, за кој се наведува дека е одговорен за нападот.

Убиениот напаѓач е идентификуван како дваесетгодишниот државјанин на Австрија и Македонија Фејзулаи Кујтим, кој претходно е осудуван за тероризам за обидот за придружување на екстремистичката група Исламска држава во Сирија.

Во претрес на 15 куќи уапсени се 14 лица поврзани со напаѓачот, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.