Одбраната на Груевски повторно оддолжува: Бараат изземање на Катица Јанева во „Титаник“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбраната на обвинетите во случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавно обвинителство против 21 лице од врвот на ВМРО-ДПМНЕ бара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Како што рече адвокатото Еленко Миланов изземање се бара поради јавните настапи на Јанева.

-Обвинителот за кој се бара изземање повеќе наврати се произнесува за казни, вина, постоење докази, основи, сакајќи кај јавноста да остави впечаток на основаност на своите обвинувања пред и во тек на судската постапка навлегувајќи во директни ингеренции на одлуките на судот. Оваа околност претставува основ да се побара изземање на Јанева – рече адвокатот.

Обвинителката која го застапува предметот, Лиле Стефанова, рече дека одбраната со ова покажува има намера да ја одложува расправата.

-Одбраната постојано дава „процесни предлози“ со цел да се изгуби текот на закажаните рочишта. Убедена сум во стручноста и професионалноста на колегите бранители и знам дека добро ги познаваат законите, но во дадениот предлог за изземање на Јанева на колегата Еленко Миланов не можеше да каже кој орган треба да одлучува и да ја изземе – рече Стефанова.

Извор: Фокус