Од утре во продавниците ќе има бел и полубел леб за 33 денари – пекарите ќе ја тужат државата и ќе бараат обештетување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од утре, сабота, 4. март, во сите продавници повторно ќе се врати белиот и полубелиот леб на рафтовите, а граѓаните ќе можат да ги купат по цена до 33 денари.

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија соопшти дека по тридневниот застој, ќе продолжи со испорачување на бел и полубел леб за граѓаните, по замрзната цена. Бидејќи тврдат дека трпат огромни загуби изминатиот период, најавија дека битката ќе ја продолжат на суд, каде што ќе бараат обесштетување од државата, пренесува Дојче Веле.

Претседателот на Групацијата Горан Малишиќ, вели дека пекарската индустрија е жртва на безумие и одлуките што се носат се на штета на пекарската индустрија. Одлуките што Владата ги донесе, според него, прават огромни штети и загуби на индустријата на месечно ниво кои се во износ од над 1,5 милиони евра. Штетата до 31 мај се проценува дека ќе биде над 4,5 милиони евра.

„Поради наметнатите загуби, пекарската индустрија е принудена да се приспособи и да ги намали цените за одредени видови леб, но и да намали на бројот на вработени за да опстане во иднина. На овој начин индустријата во наредните три месеци ќе бара начин да опстане“, изјави Малишиќ по состанокот со членките на Групацијата коишто не се согласуваат со владината мерка за замрзнување на цената на лебот.

Тие сметаат дека „Владата, како и пред носењето на одлуките така и по нивното носење, повеќе е од очигледно дека нема чувство за новонастаната ситуација и притоа е свесна дека со ваквите популистички мерки уништува стратегиска индустрија“.

Димитар Ковачевски Крешник БектешиДимитар Ковачевски Крешник Бектеши
Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека нема да дозволи некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните. Фотографија: Petr Stojanovski/DW
Мерките се неуставни?

По консултација со правници, дел од пекарите велат дека владините одлуки се незаконски и неуставни.

„Спротивно на одлуката се потврдува со записниците од инспекторатите дека од 1 декември па сè до крајот на февруари се почитуваат сите мерки и претходните одлуки што Владата ги донела. По ова основа, пекарската индустрија здружено ќе започне правна постапка со цел наплата на штетата, односно загубата што Владата ѝ ја нанесе на индустријата со носењето на одлуките. Битката за заштита на индустријата ќе продолжи на правна основа“, вели Малишиќ.

На прашањето како е можно на пекарите во Штип да им се исплати, а во Скопје да не им се исплати да продаваат леб за 33 денари,Малишиќ им порача на новинарите да ги прашаат нив.

До застој во дистрибуцијата на леб дојде поради најавата на Владата дека ќе ја замрзне цената на 33 денари за леб од 450 грама, а ваквата мерка ќе биде на сила до 31 мај. Одлуката да се замрзне цената на лебот беше донесена во вторникот (28.02) на владина седница, кога беше соопштено дека се укинува и повластената цена на електрична енергија за прехранбената индустрија. Владата се одлучи на ваков чекор откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека нема да дозволи некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.