Home Актуелно Од утре нови, поевтини цени на горивата

Од утре нови, поевтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука според која се врши нова корекција на цените на горивата со која се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на одлуката од 1.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171%, кај дизелот за 3,728%, кај екстра лесното масло за 4,476% и кај мазутот зголемување за 1,600%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 5.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…