Од утре граѓаните не смеат да плаќаат во кеш суми поголеми од 500 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со новите законски измени во Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, кои стапуваат на сила утре, 1 јуни, плаќањето во кеш ќе биде дозволено само за суми до 500 евра.

Поинаку кажано, ако утре сакате да купите, на пример, половен автомобил, телевизор, или пак, која било друга роба, поскапа од 500 евра, нема да можете да платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка.

Ако се осмелите да платите во кеш, ќе направите прекршување на законот, за што е пропишана парична казна од 5.000 до 80.000 евра.