Од стомакот му извадиле повеќе од 120 шајки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе од два часа траел оперативниот зафат во кој лекарите се обидувале да извадат над 120 остри предмети од желудникот на 33 годишен пациент.

Оваа чудна и несекојдневна операција била изведена во Адис Абеба , во Етиопија.

„Пациентот веќе десет години страда од ментална болест , а пред две години престанал да прима лекови, што веројатно е причина за да голта остри предмети”, објаснува докторот Давит Теаре од боницата Сент Пјер.

Сега пациентот е во добра состојба , изјави докторот.