Home Актуелно Од полноќ важат новите цени за горивата – еве ги измените

Од полноќ важат новите цени за горивата – еве ги измените

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,01%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651 ден/кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…