Од полноќ ново поевтинување на горивата

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари – ваква одлука денеска, 17. март, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,228 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,521 денари.