Од полноќ нови, повисоки цени на горивата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ горивата поскапуваат за 1,5 денари по литар.

Според оваа одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,50, а дизелот ќе се продава по цена од 81 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и од полноќ овој енергенс ќе чини 46,592 денари за килограм.

Новата одлука за зголемување на цените, од Регулаторната комисија ја оправдаа со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.