Home Актуелно Од ноќеска нови цени на горивата

Од ноќеска нови цени на горивата

Намалување на цените на нафтените деривати за помал износ е она што треба да се очекува од денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Движењето не цените на суровата нафта на светските берзи покажува дека позначителни промени на цената на бензинските пумпи низ Македонија не треба да се очекува.

Во изминатите 14 дена цените се движеа околу границата од 74 долари достигнувајќи минимум од 72 долари во неколку дена и максимум од 76,5 долари.

Тука некаде беше и просекот од последната пресметка на Регулаторот. Оттука, некои посериозни промени не се за очекување.

Со последната одлука цените на нафтените деривати паднаа за 1,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72денари на ЕУРОСУПЕР БС-98 74 а на дизелот 63,50 денари за еден литар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…