Home Шоубизнис Од многу „пластика“ денес не личи на себеси: Памела непрепознатлива во Кан

Од многу „пластика“ денес не личи на себеси: Памела непрепознатлива во Кан

Американската актерка Памела Андерсон, која се прослава со улогата во серијата „Чувари на плажата“ и со години важеше за „една од најатрактивните русокоси на сите времиња“, одново го привлече внимението на јавноста, откако се појави на Канскиот филмски фестивал со речиси непрепознатлив изглед.

Памела носеше интересен долг црн фустан, но вниманието првенствено го привлече нејзиниот изглед, па многумина се запрашаа „каде исчезнала нејзината убавина“.

Таблоидите оценуваат дека „годините го направиле своето“, но и дека новиот изглед на Памела е последица на големиот број пластични операции во минатото.

Ова е втор настан во последниве две недели на кој Андерсон го привлекува внуманието со својот изглед, откако претходно се појави и на Неделата на модата во Париз.

Памела и таму носеше црн фустан и имаше многу малку шминка, па некои таблиди оценија дека не само што изгледа непрепознатливо, туку и многу повозрасно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…