Од градинката заклучиле дека ова фустанче од 3-годишната Лола е непристојно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тригодишната Лола еден ден во градинка се појавила со фустанче со тенки прерамчиња, а воспитувачките во детскиот дневен престој донесле заклучок дека таквата облека е непримерна за во институцијата.

Нејзините родители Џејми и Сади Стоунхаус останале во шок кога од градинката The Little Years добиле порака за облеката од нивната ќеркичка. „Ни пишаа дека нејзината облека е непристојна и дека прерамчињата мора да бидат широки барем пет сантиметри“, изјавија родителите за канадската CTV News.

Од градинката им рекле дека, ако Лола во иднина планира да го носи тоа фустанче, под него мора да има маичка. „Ако прерамките мора да бидат широки пет сантиметри, тогаш тоа е исто како веќе да носи маичка, бидејќи така ќе го покриваат целото нејзино раменце и дел од раката. Тогаш тоа веќе не е летно фустанче“, велат вознемирените родители.

Сади, мајката од Лола, вели дека не знае како на девојчето да му објасни дека веќе нема да може да го носи тоа фустанче во градинка, бидејќи малата го обожава фустанчето.

„Нема да може да сфати. Ќе мисли дека направила нешто погрешно, дека таа е виновна“, вели мајката.

„Мислам дека ниту една девојка, независно колку и да има години, не би требало да внимава на тоа колкав дел од своите рамена ќе покаже со облеката, било да е тоа во школо или на било кое друго место“, сметаат родителите од Лола.