Home Актуелно Од денеска комисии ќе утврдуваат штети кај лозовите и овошните насади

Од денеска комисии ќе утврдуваат штети кај лозовите и овошните насади

Владата на синоќешната вонредна седница одлучи да се формираат комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот. Тие од утре ќе излезат на терен и ќе направат записници за штетите.

Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, формирана е и комисија од повеќе институции која треба да утврди методолгија по која ќе се изврши исплаќање на штетите.

“Изминатите две вечери температурите се спуштаа и до минус седум степени и може да се заклучи дека штетите кај овошните и лозовите насади се доста големи. Земјоделците треба да бидат безгрижни и сигурни дека ќе ги обештетиме, имајќи во предвид дека и во изминатите години сме имале вакви штети. Ќе најдеме начин и пари да ги обештетиме“, изјави министерот Цветков по владината седница.

Тој објасни дека согласно законот штетите се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…