Home Шоубизнис Од актерски, во професорски води – Меконахи стана професор на тексашкиот универзитет

Од актерски, во професорски води – Меконахи стана професор на тексашкиот универзитет

Славниот холивудски актер и оскаровец Метју Меконахи во својата професионална кариера отвора ново поглавје.

Освен актерството кое е негова професионална вокација, Меконахи ќе стане професор на Универзитетот во Тексас, каде од есен ќе предава на одеделението за радио- телевизија – филм, пренесува „Time“.

Меконахи беше надворешен предавач во кампусот во Остин од 2015 година, а од универзитетот соопштија дека именувањето за професор е знак „дека неговата исклучителна работа како учител и ментор е препознаена“.

Популарниот актер во иднина ќе продолжи да предава на класата на одделението за продукција по предметот од сценарио до филм.

Универзитетот во Тексас тврди дека Меконахи е почитуван „поради неговата работа со студентите надвор од училниците.“

Метју Меконахи инаку има диплома од областа на филмот од 1993 година , досега во кариерата се појавил во повеќе од 50 филмови, а е добитник за Оскар и Златен Глобус за филмовите „The Woolf of Wall Street “ и „Dallas Buyers Club“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Габи Винди во проѕирна црна тантела на премиерата на „Телото“, со поддршка од сопругата Роби Хофман

Габи Винди привлече внимание на премиерата на новата серија на Нетфликс „Телото“ во Лос Ан…