Home Шоубизнис Очекуваме син – најважно е да биде жив и здрав! Гоца и Раша ја потврдија убавата вест

Очекуваме син – најважно е да биде жив и здрав! Гоца и Раша ја потврдија убавата вест

Доаѓа машко во семејството на Гоца Тржан

Бракот на Гоца Тржан и Радомир Новаковиќ на самиот почеток предизвикуваше многу полемики во јавноста, бидејќи поп-ѕвездата е постара од тапанарот 15 години. Сепак, тие опстојуваат и се чини дека нивната љубов денес е посилна од кога било.

– Никогаш немавме криза во смисла да помислиме дека треба да се разделиме. Но, имаше напнати моменти, тоа се преодни периоди во животот кога минуваш низ значајни фази и тогаш бракот се става на тест – дали сме доволно искрени еден со друг.

Како што многупати кажала, кога Раца дошол во нејзиниот бенд, не сакала да започне љубовна врска, но тој бил упорен.

Во интервју за нашиот магазин се потсети како изгледал почетокот на нивната врска.

– Долго време ја криевме врската затоа што не сакав да зборувам за тоа, а ни моето семејство не знаеше. Во тој период ни самата не бев сигурна што се случува, а не сакав да влетам во врска како гуска во магла. Нашето прво излегување како пар беше кога нè уловија папарацо фотографи. Тогаш првпат нашата фотографија заврши на насловни страници. Бев на некое снимање, Раца ме чекаше во автомобилот и потоа отидовме во кафеана со мои пријатели. Тогаш почна приказната: „Со четиринаесет години помлад!“ Како да сум сторила нешто страшно – а не дека се гледам со помлад маж – раскажа Гоца, која вели дека никогаш не се плашела дека Раца ќе ја напушти.

– Никогаш не сум се плашела дека Раца ќе ме остави. Ако некогаш ми каже дека заминува, ќе му посакам сè најдобро, затоа што тој тоа го заслужува. Но се надевам дека нема, затоа што со него ми е прекрасно – изјави неодамна за „Scandal“ Гоца, која не крие дека ѝ е голема тага што не успеала да му роди дете.

По неколку обиди да забремени на природен начин, се одлучи за процес на вонтелесно оплодување, но и тоа безуспешно.

Сепак, Гоца и Раца имаат причина за радост. Ќе станат стрико и стрина, а пејачката убавата вест ја сподели на Instagram.

– Ќе станеме стрико и стрина и чекаме машко. Нека е жив и здрав и нека го дочекаме со радост. Животот е убав – напиша Гоца во својата објава на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …