Home Актуелно Облачна и врнежлива среда

Облачна и врнежлива среда

Седмиот априлски ден за 2021 година во Македонија носи претежно облачно време, со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.

Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…