Облачен вторник со силен северен ветар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, вторник, 8. февруари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од -3 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени. Маврово -3, Охрид 4, Битола 5, Лрива Паланка 3, Берово 1, Кавадарци 7, Дојран 8.

Утре ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70км/час), а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.